Реконструкција на улицата „Народна револуција“ во Куманово

Од:

Започна асфалтирањето на улицата „Народна револуција“ од Соколана кон централното градско подрачје во Куманово.

Градоачалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, денеска изврши увид во реконструкцијата на оваа и околните улици од Соколана кон централното градско подрачје.

– Улицата се реконструира во површина од 2.000 квадратни метри, информира Дамјановски.

По завршување на оваа, екипите ќе започнат со санација на булеварот „Октомвриска револуција“, која се спојува со „Видео Смилевски -Бато“, сообраќајницата каде има оштетувања како и на улицата „Ѓорче Петров“ која води кон населбата „Перо Чичо“.

– Сметаме дека со оваа реконструкција ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, изјави Дамјановски.

Реконструкцијата на улиците во Куманово започна пред еден месец и според податоците на општината со реконструкција, санација, крпење на ударни дупки до крајот на сезоната до средината на август, ќе бидат опфатени вкупно 65.000 метри квадратни површина. Досега завршени се 12.000 метри, а опфатени се поголемите улици и булевар во различни населби и делови од градот. Паралелно со реконструкцијата на улиците се поставуваат и сообраќајни пречки и тротоари.

– Куманово оваа година целата сила односно концептот на развојната програма го насочи во регулирање, односно реконструкција на сообраќајната инфраструктура. Ќе продолжиме со исто темпо, целиот тендер е околу 48 милиони денари, ќе биде целосно исполнет и мислам дека до крајот на година ќе биде финансиски затворен, додаде Дамјановски.

Што се однесува до проширување на улиците, градоначалникот на Куманово , информира дека пред неколку дена се отпочнати преговори за подготовка на сообраќајна студија која треба да биде дел од Генералниот урбанистички план и дека таа стдија може да понуди нови решенија и визија.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски