Општина Гази Баба започнува со градежните активности за реконструкција и изградба на нови улици во општината.
Градоначалникот Борис Георгиевски посети повеќе локации, каде се во тек активностите.
Во н.м. Камник се прави реконструкција на улицата од бул. „Александар Македонски“ до влезот на стрелиште Камник, со должина од 516 метри и широчина од 5 метри.
Градежните активности ги изведува фирмата „Бауер БГ“.
Во следниот период предвидна е изградба на тротоар од страната на станбените згради, соопштуваат од Општина Гази Баба.