Реконструкција на патот од село Кучково до крстот во Ѓорче Петров

Од:

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски денеска изврши увид во градежните работи на патот од село Кучково до манастирот „Св.Ѓоргија“, каде се врши целосна реконструкција.

Како што информираат од општина Ѓорче Петров, станува збор за реконструкција на пат во должина од 2.130 метри и ширина од три метри, каде ќе бидат поставени и нови банкини на двете страни од патот.

Средствата за проектот за општински рурални инвестиции се обезбедени од ИПА гранд програма доделена на општината во вредност од 7 милиони и 300 илјади денари. Европската унија учествува со 75 проценти од средствата, додека останатите 25 отсто се од национално учество на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Стојкоски: Едносменска настава за сите ученици во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки

Изгоре човек, но и добиток во пожар во населбата Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојковска: Стојкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради, нула за градинка, училиште и гаража

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров