Реконструкција на паркот „Жена борец“

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ денеска извршија увид во градежните работи за реконструкција на паркот „Жена борец“.

Трајановски рече дека станува збор за реконструкција на јавна зелена површина од околу 7.000 квадратни метри, на којашто ќе се изврши замена на стариот со нов тревник и дека екипи на Град Скопје интензивно работат на хортикултурно уредување на паркот.

– Ќе се постави и систем за наводнување со 135 прскалки, 1.000 метри ситем капка по капка, главна водоводна мрежа од 850 метри и 35 хидранти за полевање на зеленилото. Во рамките на паркот е заменета старата и оштетена урбана опрема со нова. Уредени се и патеките, а веќе се монтирани 55 вградени светилки коишто ќе ги осветлуваат дрвјата. Ќе се постави и ново осветлување со 45 декоративни столбови за осветлување со висина од 4,4 метри, на кои ќе се монтираат светилки од 70 вати. Во паркот ќе се изградат и три чешмички за пиење вода и се надевам дека по неговата реконструкција ќе го направиме попријатно место за граѓаните. изјави Трајановски.

Како што соопшти Град Скопје, на хортикултурното уредување на паркот работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот ќе се издвојат околу 5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски