Реконструкција на крајна сообраќајна лента пред автобиската на „Рекорд“

Од:

Екипите на Градот Скопје од денеска ги почнуваат градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци. Оваа сообраќајна лента ќе се реконструира во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште.

Во текот на градежните работи стариот вдлабнат и оштетен асфалт ќе се изгребе и ќе се нанесат три асфалтни слоја.

За време на реконструкцијата, како привремено автобуско стојалиште ќе се користи крајната сообраќајната лента, пред постојното автобуско стојалиште т.е. пред пешачките семафори при вкрстосување на ул. „Димитрие Чуповски“ и ул.„Македонија“, односно старата позиција на постојката на „Рекорд“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци ќе работат екипите на градежната компанија „Бетон АД“, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу милион денари.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан