Реконструкција на фасади на згради во општина Аеродром

Од:

Седум згради во општина Аеродром оваа година ќе добијата енергетски ефикасни фасади, информираше денеска градоначалникот на општината Ивица Конески за кои, како што рече, од неодамна е објавен тендер за реконструкција на најоштетените објекти на територијата на Аеродром.

– Станбените единици ќе добијат подобра изолација, а со тоа ќе им се намалат трошиците за топлинска и електрична енергија. Општина Аеродром има план секоја година да врши реконструкција на десеттина згради во делот на фасадите, и очекуваме за неколку години да бидат реновирани сите постари фасади, истакна Коневски.

Соња Лепиткова од Министерството за животна средина и просторно планирање појасни дека во Скопје, но и во Македонија, од неенергетските згради се губи околу 50 проценти од енергијата. Од тие причини, според неа, овој проект е многу значаен, а тие како Министерство ќе им дадат поддршка на сите градоначалници кои ќе започнат ваква акција.

– Оваа мерка влијае позитивно и на заштитата на животната средина и на намалување на емисии на честички, а од друга страна и намалување на потрошувачката на конвенционални горива кои ги користиме при производството на енергија, рече Лепиткова.

Реконструкцијата на фасадите на станбените згради на улиците „Петар Ацев“ број 9, „Фрањо Клуз“ број 2, „23 Октомври“ број 14, и на булеварот „АСНОМ“ број 72, 74, 112 и 114, според градоначалникот Коневски треба да заврши до крајот на годината, а за реализација на овој проект општината издвоила 25 милиони денари без ДДВ.

Од Опшината информираат дека на територијата на Аеродром на околу 50 објекти треба да им се реконструираат фасадите, од кои за 18 веќе се изработени проекти кои ќе се реализираат во наредните години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени