Реконструкција и санација на повеќе улици во општина Ѓорче Петров

Од:

Општина Ѓорче Петров ги реконструира главната и неколку споредни улици во Стопански Двор до клучката со заобиколницата во должина од 600 метри. Како што информираат од Општината, извршено е чистење на старата подлога и нанесена е нова тампонска подлога.

Градежни зафати се преземени и на улиците „83,„ 81“, „96“, „87“ и „102“ во Волково, а во Волково-Пржина се работи на улиците „60“ и „76“. Во населбата Кисела Јабука се работи на улиците „42“, „ 40“ и „50“.Слични зафати се преземаат и во населбата „Лука Геров“  на најкритичните улици кои гравитираат кон главната сообраќајница. По повод престојниот верски празник свети Трифун се преземаат градежни работи и на пристапниот пат до истоимениот манастир во селото Кучково.

Средствата за реконструкција на улиците се обезбедени од буџетот на општината а работите ги изведуваат „ Трансмет“, Сашо компани “ и ГП „ Гранит“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски