Реконструкција и санација на Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце

Од:

Во тек се градежни активности за санација и реконструкција на платото и кровната конструкција на Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце, со поддршка на Министерството за култура, информираат од НУ Музеј Куманово.

– Промена на плочите пред платото на Меморијалниот Центар АСНОМ започна пред две недели,а ќе следи и санацијата на кровната конструкција.И покрај тоа што градежните активности се во тек, Меморијалниот Центар е отворен за посетителите, изјави директорката на НУ Музеј Куманово,Анита Цветановска.

Санацијата на кровната конструкција и обновата на платото е предвидена да заврши кон крајот на декември, соопштија надлежните.

Станува збор за прва санација на Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце, којшто годишно го посетуваат помеѓу 7 до 8.000 посетители од државава и од странство. 

Би можело да ве интересира

Сотирис Минас доаѓа во Македонија

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје

Украдените дела на Реноар, Сезан и Матис пронајдени по пет месеци во Италија

Предраг Петровиќ