Реконструирано основното училиште во Лешани, Дебрца

Од:

На пригоден начин денеска беше прададено во употреба реконструираното основно училиште во Лешани, во Општина Дебрца. Станува збор за градежен зафат во вредност од околу 6,5 милиони денари, од кои три милони обезбедени од Бирото за регионален развој, а остатокот се сопствени буџетски средства.

Реконтруирана е училишната зграда со површина од околу 400 метри квадратни, со 6 училници, што ги задоволуваат сите стандарди и нормативи за реализирање на воспитно-образовниот процес. Објектот располага и со простории за административно-технички персонал и други помошни простории, како и посебно одвоен простор што ќе биде на располагање за локалното население, со што ќе добијат простор каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да организираат разни манифестации, средби и состаноци. Просторот ќе можат да го користат месната заедница, разни здруженија, младите, спортските друштва, односно сите што ќе имаат потреба за тоа.

– Инвестициите во образованието, се инвестиции во иднината. Со секоја тула ставена во ѕидот на училиштето, всушност ја градиме нашата иднина, иднина за подобро утре, иднина која ни ветува развој и благосостојба. Секој вграден прозорец е прозорец кон иднината, кон нашите стремежи за откривање на нови работи и вештини, рече градоначалникот на Оштина Дебрца Игор Трајкоски, напоменувајќи дека и во иднина ќе продолжи кон реализација на проектите во областа на образованието.

Во пожар што во во 2011 година го зафати Културниот дом во Лешани целосно изгоре кровната и меѓукатната дрвена конструкција, целосно беше уништена надворешната и внатрешната столарија, а од објектот беа останати само надворешните и делумно внатрешните ѕидови.

Санацијата и реконструкцијата на објектот опфати изработка на нова армирано-бетонската конструкција, изработена е нова кровна конструкција покриена со ќерамиди, санација на фасадата, поставување на нова фасадна пвц-столарија, нова внатрешна столарија, нови санитарни јазли, комплетно нова водоводна-канализациона инсталација, електрична инсталација и инсталација за парно греење, со што објектот ќе добие комплетно нов изглед, и ќе се штеди енергија со намалување на трошоците за греење.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Дебрца во работна посета на Холандија

Ана Ололовска

Охрид и Дебрца со Мировен марш се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот

Ана Ололовска

Протест против изградба на регионална депонија во Дебрца, сообраќајот во прекин

Наум Локоски

Дебрчани в недела организираат голем протест против регионална депонија во селото Годивје

Ана Ололовска

Советот на Општина Дебрца не прифаќа депонија во селото Годивје

Наум Локоски

Општина Дебрца обезбеди средства од ИПА фондовите за реализација на два инфраструктурни проекти

Ана Ололовска