Реконструирани улиците во велешко Чалошево

Од:

Заврши проектот „Реконструкција на улици“ од програмата на општина Велес, вреден околу шест милиони денари со кој се асфалтирани сите улици во населеното место Чалошево со вкупна површина од 1062 метри. Деновиве беа поставени банкините, а се крпеа и дупките на локалниот пат Чалошево –Велес.

Од општина Велес информираат дека и службите од локалната самоуправа деновиве извршиле увид во Чалошево и констатирале оти градежните работи се изведени согласно стандардите и прописите.

Гоце Зарков, претседател на Месната заедница од село Чалошево потенцира дека со овој проект селото доби нов лик и додаде оти во многу ќе им се олесни движењето на жителите.

– Со овој проект над 200 жители од ова населено место нема повеќе да газат по земја и кал. Проектот е многу важен за сите нас кои живеме тука, потенцира Зарков.

Од општина Велес најавија дека продолжуваат со уредување на уште десетина улици во општината, кои треба да бидат уредени до октомври со што, како што се наведува, ќе се докомплетира и годишната програма за уредување на улици на општина Велес.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско