Реконструирани училишните спортски сали во општина Аеродром

Од:

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски денеска свечено ги пуштија во употреба реконструираните спортски сали во основните училишта во Општината.

– Со оваа крупна инвестиција основните училишта целосно се модернизираа, а учениците добија соодветни услови за спортување на местата каде што го челичат своето здравје – изјави градоначалникот Коневски.

Во рамки на проектот за реконструкција на спортските сали беа опфатени и соблекувалните, како и просториите за реквизити.

– Исто така, беа реконструирани покривите на спортските сали во некои училишта, се промени внатрешната столарија, се реновираа санитарните јазли, се поставија заштитни решетки на прозорците и вратите во спортските сали, се заменија подовите и плочките во соблекувалните и ходниците. Се мoлерисаа ѕидовите и плафоните, а се реконструираше и водоводната, канализациската и електрична инсталација и се постави инсталација за греење и проветрување на салите – изјавуваат од општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот