Реконструирани седум улици во велешко Мамутчево

Од:

Во велешкото село Мамутчево денеска заврши реконструкцијата на седум улици.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, кој изврши увид, информира дека реконструкцијата на улиците чини шест милиони денари преку проект од ЕУ, администрирани според правилата на Светската банка.

– Вкупната должина на седумте улици во ова населено место е 1.007 метри. Две улици во должина од 375 метри, лоцирани во центарот, се афалтирани. Останатите пет во должина од 632 метри се бетонирани, информира Чадиев. Тој се сретна и со месното население и го слушна нивното мислење за проектот.

Во текот на денот ќе бидат изработени и банкините за проектот и официјално да биде завршен.

Градоначачникот Чадиев најави дека во наредниот период инфраструктирни проекти ќе се реализираат и во уште неколку населени места во општина Велес.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско