Реконструирани автобуските стојалишта кај Градежниот факултет во Скопје

Од:

Екипите на Град Скопје ги реконструираа автобуските стојалишта на булеварот „Партизански одреди“ пред Градежниот факултет и отспротива.

Како што соопшти Град Скопје, на автобуската станица пред Градежниот факултет бил изгребан стариот вдлабнат и оштетен асфалт во должина од 160 метри, извршена била санација на долниот тампонски слој, вградена полимерна мрежа и бил нанесен нов асфалтен слој.

На автобуската станица кај ТЦ „Буњаковец“, спроти Градежниот факултет, коловозот бил реконструиран во должина од 160 метри. На терен бил изгребан стариот вдлабнат и оштетен асфалт, била извршена санација на долниот тампонски слој, вградена полимерна мрежа и бил нанесен нов асфалтен слој.

На реконструкција на двете автобуски стојалишта на булеварот „Партизански одреди“, пред Градежниот факултет и отспротива, работеле екипите на градежната компанија „Бауер БГ“. Град Скопје за овој градежен зафат вложи околу 4 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош