Реконструирана велосипедската патека од рутата 1 во Скопје

Од:

 Со велосипедско дефиле што се возеше по должината на булеварот Илинден, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска ги промовираше новоизградените и реконструирани велосипедски патеки од рутата 1, од проектот „Скопје велоград 2017“.

–  Велосипедските патеки од рутата 1 овозможија поврзување на Гази Баба, преку центарот на градот со Карпош. Како дел од оваа рута, изгдрадивме и реконструиравме велосипедски патеки во вкупна должина од 7.600 метри. За изградба и реконструкција на велосипедските патеки од Рута 1 и на пешачките патеки по нивната должина Градот Скопје вложи 48 милиони денари.

Градежните работи ги изведуваа екипите на ЈП „Улици и патишта“, појасни Трајановски.

Информира дека Градот Скопје интензивно работи на изградба и реконструкција на велосипедските патеки од Рутата 2 што треба да ги поврзат Аеродром, Центар и Карпош со Ѓорче Петров.

Трајановски најави дека во наредниот период ќе следуваат градежни работи и на Рутата 3 којашто треба да ги поврзе Кисела Вода со Центар и Карпош и на Рутата 4 која треба да ги поврзе Бутел, Чаир и Центар. Овој проект треба да заврши во 2017 година.

Рутата 1 се протега по булеварот „Александар Македонски“, од клучката кај хотелот „Континентал“, до клучката Естекада, од двете страни на улицата Беласица, од булеварот „Гоце Делчев“ до клучката кај хотелот „Континентал“, од двете страни на булеварот Гоце Делчев, од булеварот „Крсте Мисирков“ до улицата Беласица, потоа од двете страни на булеварот Илинден, пред зградата на Владата и на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до фонтаната „Лотосов цвет“ и од двете страни и на булеварот Илинден, на потегот од Матично до крстосницата со улицата Љубљанска, од едната страна.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош