А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реконструирана атмосферската канализација на подвозникот кај „Бриколаж“

by А1он15/10/2014 - 13:45197
Share0

Реконструирана атмосферската канализациска мрежа на дел од булеварот „Киро Глигоров“ со што проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно.

Добивај вести на вибер

Оваа локација на булеварот беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи ова лето.

Како што информираат од Град Скопје најпрво била извршена реконструкција на постојниот атмосферски колектор кај објектот „Бриколаж“, при што биле вградени полипропиленски цевки, со профил Ф 800 милиметри, во должина од 57 метри. Со овој зафат било извршено исправање на атмосферскиот колектор којшто претходно имал две прекршувања под агол од 90 степени.

– На јужната и северната страна на булеварот „Киро Глигоров“, кон подвозникот, поставени се решетки од монолитен бетон. Моноблоковите се странично армирани и бетонирани со димензија РД 300 милиметри, во должина од 7,3 метри на јужната страна во правец од Аеродром кон Автокоманда, а во правец од Автокоманда кон Аеродром во должина од 5,3 метри. На северната во должина од 5,25 метри на потегот од Аеродром кон Автокоманда на крајната десна лента пред семафорите кај „Фершпед“, а во правец од Автокоманда кон Аеродром на крајната десна лента во должина од 3,25 метри. Тие се приклучени во шахтите на постојниот атмосферски колектор Ф 1.200 милиметри, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Функцијата на моноблоковите, појаснуваат од градот, е да ги прифатат атмосферските води пред тие да се слеат во најнискиот дел на подвозникот и да го поплават.

Реконструкцијата на булеварот ја извршија екипи на Град Скопје на ЈП „Водовод и канализација“.

skopje

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен