Реконструиран покривот на СУГС „Јосип Броз-Тито“

Од:

Градот Скопје како и изминатите години, така и годинава, во текот на летниот распуст изврши реконструкции на повеќе училишни објекти и спортски сали. Се реализираа проекти со коишто ќе се подобри енергетската ефикасност на училиштата, односно  се изврши замена на столаријата и реконструкција на старите покриви  на училишните објекти и спортските сали, како и проекти  за реконструкција на санитарните јазли, на подовите во училиниците и во фискултурните сали и се изврши замена на дотраената електрилна инсталација.

Pokriv na SUGS Josip Bros Tito (3)

Во средното училиште „Јосип Броз-Тито“ во изминатите години се заменети прозорците, а годинава е извршена целосна замена на азбесниот  покрив на училишниот објект,  кој е со површина од 4 620 квадратни метри, со што на околу 1 500  ученици ќе им се создадат подобри услови за одржување квалитетна настава.

Старите азбесно-цементни табли од покривот се отсранете и одложени во специјален бункер во депонијата Дрисла, а училиштето е покриено со ребреста ламарина.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош