Реконструиран патот во село Табановце

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, заедно со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации Луиза Винтон, вршителот на должност на Амбасадата на Јапонија Тојоказу Кубота и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски денеска ја одбележаа реконструкцијата на главниот пат во селото Табановцe, инвестиција во вредност од 173.000 долари.

Како што се наведува во соопштението на програмата на ЕУ за справување со штети од поплавите, патот е редизајниран за да обезбеди соодветно одводнување и да ги намали ризиците од поплави при обилни дождови, а крај училиштето во Сопот е изграден и потпорен ѕид. Проект е направен со финансиска поддршка од Владата на Јапонија.

Според Тојоказу Кубота од јапонската амбасада, владата на Јапонија целосно ги разбира хуманитарните и развојните предизвици кои бегалската и мигрантската криза ги наметна на општините-домаќини, но и дека претставува долгорочен приоритет да помогнат на овој регион и на луѓето кои живеат тука.

Другите активности на оваа програма на УНДП вклучуваат изградба на нова депонија – според стандардите на Европската унија и реконструкција на пумпна станица во Гевгелија, постројка за селекција на отпад во Куманово и набавка на камиони и друга опрема за справување со отпадот во двете општини.

Постојаниот претставник Луиза Винтон, рече дека благодарејќи на Владата на Јапонија, тие работат на решавање на некои долгорочни развојни предизвици кои се појавија со бегалската криза.

– Инвестициите во транспортната инфраструктура, водоснабдување и справување со отпад во двете засегнати општини ќе ги подобрат условите за живот за повеќе од 200,000 локални жители, изјави Винтон.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on