Надлежните од јавната установа „Зафир Сајто“ и локалната самоуправа од Куманово денеска ги промовираа инфраструктурните проекти кои се реализирани во установата, а со кои се подобрени условите за престој на 150-те корисници на услугите на Домот за стари лица во Куманово.
Во целата зграда заменети се старите прозорци со нови ПВЦ, извршена е промена на старите и дотраени плочки со нови на површина од 580 метри кавдратни и инвестирано е во дел од собите, за што од буџетот на установата одвоени се 3,7 милиони денари.
– Освен реконструкција, набавен е и мебел во вредност од милион и 62 илјади денари, со цел на нашите корисници да бидат задоволни од услугите за сместување. Нашата цел е на корисниците да им обезбедиме активен социјален живот со разчини програми, зајакнување на системот за здравствена заштита и обезбедување добри услови за сместување и ова се трудиме да го реализираме со нашиот административен и финансиски капацитет, изјави директорот на установата Џемаљедин Неџипи.
Тој најави дека за оваа година се планирани да се одвојат четири милиони денари за инвестиции, со кои нагласи дополнително ќе се подобри стандардот на живеење во установата.
Секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска, истакна дека менаџерскиот тим постојано вложува во подобрување на условите за престој на лицата од третото доба и потсети дека во 2014 година целосно е завршена реконструкција на геријатријата, во 2015 пак се вложени 3,6 милиони денари за реконструкција на првиот реон од зградата и тоалетите.
Во установата се згрижени 150 корисници. Поголем интерес има за згрижување за геријатрија, но надлежните велат дека тие превенствено тие се дом кој згрижува стари лица.