Предлог- Статутот на РЕКОМ, донесен во 2011 година како појдовен документ за изградба на минимален консензус за расправа на официјално ниво ја одразува сликата на тразиционата правда на начин на кој таа е оценета во трииполгодишниот консултативен процес, предочија јавните заговарачи на оваа иницијатива. На 6 септември по одржаниот прв состанок на официјалната Регионална експертска група во Загреб, претставниците на државите од регионот потенцијаа дека по три години, предлог- Статутот е појдовен документ во контекст на ограничувањата на кривичните судења и на последиците на војната – мртвите, исчезнатите, и во симболичка смисла, вредностите за кои мнозина загинаа, а кои денес се менуваат и распаѓаат.
Официјалните претставници за РЕКОМ оценуваат дека Иницијативата за РЕКОМ е единствена во рамки на меѓународното правосудство и потрагата по мир, бидејќи таа бара од повеќе држави кои биле во судир, заеднички да најдат решение кое ќе ги признае и исправи воените неправди. Според нивно мислење сеуште постојат прашања, како што е судбината на исчезнатите и репарациите, кои не можат да се решат во рамките на една држава.
Со целосна поддршка на членовите 13 и 14 од предлог- Статутот,кои се однесуваат на целите и задачите на комисијата, тие сметаат дека оваа Регионална комисија е подобра рамка, бидејќи како независна заради нејзиниот регионален карактер таа ќе биде посилен инструмент во однос на локалните на локалните механизми во откривањето на вистината за тоа што се случило во минатото.
Регионалните претставници укажале на потребата од сериозна анализа во разграничувањеето на улогата на комисијата во однос на правосудните органи, како и начинот на кој потенцијалот што го нуди регионалната комисија би се вклопил во специфичните национални државни механизми, кои покажуваат дека правните механизми не се доволни,
Со ова тие ги повикуваат и членот на Претседателството на БиХ, Небојша Радмановиќ, и претседателот на Словенија Борут Пахор, да му се придружат на процесот на изградба на официјален регионален механизам за утврдување на фактите за тоа што се случувало во војните на територијата на поранешна СФРЈ.
Под паролата „Го поддржувам РЕКОМ“, утре на Меѓунардониот ден на мирот, ќе се организира акција за собирање потписи.
Т.П.