„Рекет” продолжуваа со завршни зборови

Од:

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје, ќе ги каже завршните зборови за случајот „Рекет”, за потоа и одбраната на обвинетите да ги даде своите завршни зборови.

На последните рочишта за овој судски предмет својата одбрана ја даде обвинетата Катица Јанева, која ги отфрли обвиненијата против неа и истакна дека законски ја вршела својата работа додека било на чело на Специјалното обвинителство.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет каде прв пат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милевски – Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава