ВИДЕО: „Рекет“ одложен, болни адвокатите на Јанева

Од:

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи рочиштето за случајот „Рекет“.

На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, која се појави во судот но не сакаше да даде изјава за медиумите пред да даде исказ пред судот.

Следното рочиште е закажано за в четврток.

Стефанова е обвинителката од СЈО која го водеше случајот „Империја“, каде еден од осомничените е бизнисменот Орце Камчев и сега оваа истрага е во рацете на Јавното обвинителство. Како сведок на денешното рочиште треба да се појави и Бурим Рустеми, обвинител од СЈО.

Стефанова преходно тврдеше дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја”, велејќи дека барањето за издавање времен пасош на Орце Камчев било одобрено без таа да дaде согласност. Дополнително, таа тврдеше дека обвинителката Јанева на состанок со обвинителите барала предметот „Империја“ да се затвори и никој да не оди во затвор.

Името на Стефанова се споменуваше и во објавените снимки на италијанскиот „Ла Верита“. Па така, кога гласот за кој се тврди дека е на Бојан Јовановски вели дека бизнисменот (Орце Камчев) „се плаши од Лиле“, специјалната обвинителка Јанева, според снимките, кажува: „Јас многу сум ангажирана, затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.

На досегашните рочишта за „Рекет“ меѓу другите сведочеа бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана, обвинителката Елизабета Јосифовска, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“. Ексшефицата на СЈО се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во обвинението се тврди дека тие изнудувале милиони евра од бизнисменот Камчев за да биде олеснета неговата положба во случајот „Империја“.

Обвинетите Бојан Јовановски – Боки 13 не ја признаа вината, додека Зоран Милески – Кичеец на првото рочиште призна вина и беше осуден на казна затвор од три години.

Ексшефицата на СЈО Катица Јанева се наоѓа во куќен притвор од 19 ноември 2019, а претходно, од 21 август 2019, беше во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Јовановски, иако постојано се жали на лоша здравствена состојба и бара да биде пуштен, се наоѓа во притвор од јули минатата година.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов