Рекација од Синдикатот во ЈП Водовод и канализација – Скопје на прес-конференцијата на СУТКОЗ

Од:

Како Синдикат во ЈП Водовод и канализација – Скопје имаме инзвонредна соработка со директорот Александар Атанасов. Во овие 2.5 години сите наши барања во насока на подобрување на условите за вработените се ислушани. Се обнови возниот парк, се набави нова механизација, само за ХТЗ опрема за вработените во овие години се вложени 20 милиони денари, се набавија и нови униформи за инкасаторите и шалтерските работници итн.

Ова го истакнува Синдикатот при ЈП Водовод и канализација – Скопје, во реакција на денешната прес-конференција на СУТКОЗ, на која беше побарано градоначаликот на Град Скопје Коце Трајановски веднаш да го разреши од функцијата генралниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Александар Атанасов поради непочитување на Колективниот договор и законите за работни односи и за административните службеници, како и поради несоодветното образование за извршување на функцијата.

– Овие последни 2-3 години за повеќе пати е подигната безбедноста на вработените и условите во кои работат. Има дисциплина која во минатите години ја немаше, се почитуваат правилата и прописите. На некои тоа не им одговара, односно би кажале на не работниците, кои биле во ЈП Водовод и канализација – Скопје и кои со своето не залагање и не работење биле товар на претпијатието, Град Скопје и граѓаните, се вели во реакцијата.

Луѓето во ЈП Водовод и канализација – Скопје, се додава, не се делат на партиска или национална основа туку на работници и не работници.

– Никој не е казнет или отпуштен од работа без докази, изјави од самите граѓани и сите процедури кои следат. Ние и понатаму нема да дозволиме некој да не работи, на товар на тие што работат и на грбот на граѓаните, с епотенцира во реакцијата од Синдикат во ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“