Рехабилитацијата на дел од повредените од Кочани и нивното заздравувањето ќе потрае и до две години

Од:

На дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потреае и до две години. Тоа денеска го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена нега на сите повредени во несреќата.

– Направена е евалуација од експерти од Велика Британија за тоа колку време ќе е потребна за нивна рехабилитација. Веќе го имаме списокот на сите кои ќе бидат задржани подолго во странство. Го знаеме веќе и периодот колку би траела нивната рехабилитација, рече Таравари.

Тој рече дека времетраењето на рехабилитацијата варира, процесот на нивно заздравување би можел да трае меѓу еден до 24 месеци кај потешките случаи.

– На околу 20 пациенти ќе им е потребна продолжена рехабилитација…За нив се подготвува центар во рамки на болницата „8 Септември“. Имаме и понуди од неколку држави за бесплатна подолготрајна рехабилитација, рече тој.

Таравари посочи дека ќе се направат обиди да се обезбедат и средства за покривање на трошоците за престој на некој членови на семејствата на оние пациенти кои подолго време ќе останат на рехабилитација во странство.

Што се однесува на состојбата кај повредените во несреќата во Кочани, последните информации се дека од 47 пациенти кои се на лекување во странство само еден е во критична здравствена состојба.

– Едниот од двајцата кој беа критични, денеска е подобар и се надеваме дека состојбата ќе се подобрува, рече Таравари.

Притоа за денеска не е предвидено враќање на некој од повредените кои се на лекување во странство. Најавено е враќање на еден од нив во текот на утрешниот ден.

Моментално во здравствените установи во земјата има пет хоспитализирани пациенти, по двајца во болницата „Свети Наум Охридски“ и во „Систина“, додека на Клиниката за пластична хирургија е хоспитализиран само еден пациент, а двајца се третираат амбулантски, односно се рехабилитираат во домашни услови, а доаѓаат на третман во клиничкиот центар.

Би можело да ве интересира

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо

Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше: Работев како келнер без договор кобната вечер