Нови 355 случаи со КОВИД-19, еден починат и 145 оздравени

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи на КОВИД-19: Скопје – 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (355), регистрирани се 89 реинфекции.

Регистрирани сe 145 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Кавадарци – 12, Куманово – 9, Битола, Прилеп, Гостивар и Штип – по 6, Велес – 5, Кичево – 4, Струмица – 2, Тетово, Гевгелија и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022.

Направени се 1.129 тестови преку: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-41, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-32, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-40, Биотек-57, Систина-34, лабораторија Лаор-11, Синлаб-2, Ремедика-13, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-54, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-2, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 349.

Досега во земјата се направени вкупно 2.087.721 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474.

Би можело да ве интересира

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Марковски: Ми пречи што покажуваме непријателство кон Русија

Маските се враќаат – комисијата за заразни болести бара да сe задолжителни во здравствени установи

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Бесими: Средствата од данокот за солидарност ќе се користат за справување со ковид-кризата

Орце Костов

СЗО: Подгответе се за болест посмртоносна од Ковид-19