Од полноќ до 04.00 часот утрово констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење, информира МВР.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 142 прекршоци, се додава во соопштението на Министерството за внатрешни работи.