Регионот Охрид-Преспа прогласен за прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО

Од:

Меѓународниот комитет на УНЕСКО на седницата одржана во Јончопинг во Шведска со акламација го прогласи Охрид-Преспа за за прекуграничен Биосферен резерват.

Дејан Пановски, македонскиот претставник во Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро што е еден од носителите на иницјативата, по повод одлуката на УНЕСКО истакна дека таа претставува признание на посветеноста и на вредностите, одличен импулс за засилена туристичка промоција и со тоа поголема економска добивка на регионот.

– Создавањето биосферен резерват е сублимат на сите постојни заштитени појаси во регионот и новиот статус треба да го засили интересот во светот за нашиот регион како од еколошки, така и од инвестициски аспект. Луѓето и биосферата се едно тело преку одржливиот развој, а биосферниот резерват е огромна инвестиција за иднината на Охрид и Преспа, истакна тој.

Носители на номинацијата за прогласување на Охрид-Преспа за биосферен резерват беа Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро поддржан од МАБ комитетите, министерствата за животна средина и Националните комисии на УНЕСКО на Македонија и Албанија.

Создавањето таков резерват за сливот на Охридското Езеро, во кој е вклучен и регионот на Преспа, е иницијатива на Билатералниот секретаријат за Охридскиот слив, а дел од Договорот за заштита на Охридското Езеро што заеднички го реализираа Македонија и Албанија.

Таканаречените „биосферни резервати“ се подрачја во кои човековите активности се насочени кон одржливо искористување на природните ресурси и обезбедување соодветни услови за луѓето да живеат во хармонија со фауната и флората. УНЕСКО ги признава биосферните резервати како подрачја истакнати по својата единственост во светски рамки.

Би можело да ве интересира

САД се повлекуваат од УНЕСКО

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото