Регионалната депонија кај Ново Конско ќе ја финансира Владата

Од:

Општина Гевгелија не располага со потребните финансиски средства што треба да ги обезбеди за основање на регионалниот систем за управување со отпад, поради што Советот донесе одлука за пренесување на надлежностите на Владата на РМ која ќе ја финансира изградбата на времената депонија за комунален отпад кај Ново Конско.

– Вкупната инвестиција за основање на регионалниот систем за управување со отпад изнесува 18,6 милиони евра од кои минималните финансии што според бројот на жителите треба да ги обезбеди општина Гевгелија изнесуваат околу 2,5 милиони евра, средства со кои општина Гевгелија не располага. Поради тоа беше донесена одлуката за пренесување на надлежностите на Владата на РМ, се вели во образложението.

Времената депонија за комунален отпад, која се гради кај селото Ново Конско преку УНДП со јапонски грант, треба да биде готова до крајот на август и ќе биде дел од регионалниот систем за управување со отпад.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно