Регионална работилница за Судско медиумскиот совет

Од:

Во организација на Здружението на судии на Република Македонија денеска во Скопје ќе се одржи VIII Регионална работилница по повод формирањето на Судско медиумскиот совет.

Настанот, како што велат од ЗСРМ, е финален резултат од проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија“ – овозможен и имплементиран во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија.

Работилницата е конципирана во два дела. Првиот панел е предвиден за конститутивна седница на Советот, а вториот панел го опфаќа мониторинг и следење на судења со видео опрема, како и менаџирање на комплексни судски процеси и гонење на транснационален економски криминал.

По одржување на конститутивната седница, утре ЗСРМ ќе одржи свечена промоција на Судско – медиумскиот совет.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО