Регионална конференција за справување со антисемитизмот

Од:

Регионална конференција „Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на еврејските заедници“ ќе се одржи денеска во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

Како што соопшти МНР, на конференцијата ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која и проектниот менаџер во ОДИХР Илан Кохн.

Конференцијата е коорганизирана од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР, Еврејската заедница во Република Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на министерствата за внатрешни работи, министерствата за правда и на Еврејските заедници од Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска

Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Ана Ололовска

Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска