Регионална конференција за односите на ЕУ и земјите од соседството

Од:

Во Берлин денеска ќе се одржи конференција на тема „Јавниот дијалог во Европа – Повторно поврзување на ЕУ со своите граѓани и соседството“, со учество на претставници на земјите од Западен Балкан и на Унијата.

Во рамки на конференцијата ќе се одржат повеќе панели, од кој еден е посветен на односите меѓу ЕУ и земјите од регионот, насловен „Комуникациските предизвици меѓу Европската унија и Балканот – Берлинскиот процес и евроскеприцизмот, како да се подобри дијалогот и соработката со граѓаните“.

На панелот, со кој же претседава известувачот на Европскиот парламент за Србија и претседавач на парламентарниот Комитет за надворешни работи, Дејвид Мекалистер, меѓу останатите ќе говорат министрите за европски интеграции на Србија и на Црна Гора, Јадранка Јоксимовиќ и Алекнсадар Андрија Пејовиќ, хрватскиот помошник министер за надворешни работи Борис Григиќ и првиот човек на Генералниот директоррат за соседска политика и преговори за проширување при Еврокомисијата, Мачеј Поповски.

Организатори на Конференцијата се Здружението на владини службеници за комуникација во јавниот сектор во Југоисточна Европа и фондацијата „Конрад Аденауер“.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд