Регионален натпревар по англиски јазик во Куманово

Од:

Околу 150 ученици од основните училишта од општините од североистокот учествуваа на денешниот регионален натпревар по англиски јазик во основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, кој го организираа волонтерите од Мировниот корпус во соработка со професорите по англиски јазик од основните училишта од регионот.

– Целта на натпреварот учениците да го усворшат и унапредат знаењето по англиски јазик. Најдобрите ќе учествуваат на државниот натпревар во Скопје, информира Шејн Јоол, волонтер од Мировниот корпус.

Материјалите, пред се зборовните листи се прилагодени за петто, шесто, седмо и осмо одделние од основните училишта.

– Ги следиме учениците и мора да потенцирам дека се одлично подготвени. Станува збро за ученици кои се најдобри во своите одделнија, материјалите се прилагодени, но има и нови зборови, за кои учениците со своите ментори претходно се подготуваа, изјави Ивана Денковиќ, професор по англиски јазик во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош’.

Професорите по англиски јазик објаснија дека придобивките од изучувањето на странските јазици се повеќе кратни, меѓу нив подобрување на можностите за креативно размислување, зголемување на потенцијалите за дополнително усовршување, нагласување на култрната свест, а, според нив, незанемарливи се и зголемените шанси за упис во посакуваните средни училишта и факултети, како и отварање на идни можности за полесно снаоѓање на пазарот на трудот.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски