Регионален натпревар „Детски семафор“ во Куманово

Од:

Секторот за превенција од СВР Куманово, во соработка со општинскиот сектор за сообраќај на безбедност на патишта, денеска, во основното училиште „Толи Зордумис, организираа регионален натпревар, за основните и средните училишта од североисточниот регион.

Прво пласирана екипа во категорија на средни училишта е гиманзијата „Гоце Делчев“ од Куманово, второ се „Наце Буѓони“ а третото место припадна на средношколците од „Киро Бурназ“. Од основните училишта први се „Браќа Миладиновци“, втори „Христијан Карпош“ и трети „Толи Зордумис“. Екипно најдобри се учениците од „Браќа Миладиновци“ од основните и гимназијата „Гоце Делчев“од средните училишта.

На натпреварот учествуваа основни и средни училишта од Куманово, Кратово и Крива Паланка. Најдобрите екипи од регионалниот натпревар ќе заминат на републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 20 овој месец во Скопје.

Надлежните од Секторот за превенција при СВР Куманово велат дека целта на ваквите натпревари е уште од најмала возраст да се научат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел безбедно учество во сообраќајот.

Марјан Павличек, самостоен испектор од отсекот за превенција вели дека учениците од средните училишта после изведување на компјутерскиот систем на терен покажуваат вештина во знаење возење на велосипед со помошен мотор и мопед во спроведување на сообраќајно техничка култура, додека пак осмооделенците покрај тестирање на компјутерски систем на полигон покажуваа вештини во возење на велоспиед.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски