Регионален форум за интернет владеење

Од:

Промовирање на придобивките од информациско-комуникациските технологии, споделување иницијативи и политики во однос на интернет владеењето, како и развој на платформа за иницирање регионални активности на ова поле е целта на „Регионалниот форум за интернет владеење 2014“ што денеска се одржува во Скопје во организација на Министерството за информатичко општество и администрација.

Настанот го отвори министерот Иво Ивановски, кој заблагодарувајќи се за присуството на гостите од регионот укажа на можноста за позасилена координација и взаемна соработка на полето на ИКТ развојот.

– Очекувам на овој Регионален форум да ги промовираме придобивките од информациско – комуникациските технологии и да споделиме заеднички иницијативи и политики во однос на интернет владеењето. Исто така, да ги разгледаме можностите за развој на платформа за иницирање регионални активности на ова поле, рече во своето обраќање министерот Ивановски.

Извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ICANN), Фади Шехаде се осврна на важноста од користењето на интернетот од страна на малите земји, кое меѓу другото е битно и за развојот на економијата.

– Треба да изнајдеме начин како интернет владеењето да стане и економски, а не само општествено важно. Користењето на интернетот од страна на малите земји е битно за да се има отворен пристап кон светот, да се промовираат културните вредности, наспроти изолацијата. Вклучете ги сите засегнати страни во донесувањето на интернет одлуките, им порача Шехаде на присутните.

На еднодневниот форум во Скопје учествува и потпретседателот на Интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ICANN) Вени Марковски, инистри и владини претставници надлежни за креирање политики за развој на информатичко општество од Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Косово, како и од домаќинот Македонија. Исто така, присутни се и претставници на невладиниот сектор и компании од телекомуникациската област.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски