Регионален форум на земјите од Западен Балкан за изготвување Патоказ за борба против корупција и нелегални финансии

Од:

Во Охрид во периодот од 21 до 23 јуни се одржува Регионален форум на земјите од Западен Балкан, чиј домаќин и соорганизатор е Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, заедно со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал УНОДЦ. Целта на настанот е изготвување и усогласување на Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии наменет за земјите од Западен Балкан во кој ќе бидат дефинирани приоритетите за борба против корупцијата и нелегалните финансии.

Регионалниот форум се одржува и во заедничка координација и соработка со Канцеларијата на заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, криминал и одржлив развој.

Како што денеска соопштија од МВР, работниот дел од форумот го отворил помошник министерот за ЕУ и меѓународна соработка во МВР, Муамет Реџепи, кој изразил благодарност до Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите нации за несебичната поддршка, координацијата и реализацијата на овој состанок, како и до Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Сојузна Република Германија, за помошта и во реализирањето на форумот, но и воопшто, во спроведувањето на агендата во областа на внатрешните работи, како дел од портфолиото на Берлинскиот процес и на Групата за преземени обврски од областа на безбедноста.

Тој посочил дека со финализирање на овој Патоказ подетално ќе се образложат целите и потребите на регионот за поуспешна борба против корупцијата и нелегалните финансии и ќе се олесни споделувањето на добрите практики во справувањето со овие предизвици.

Усвојувањето на Патоказот за борба против корупција и нелегални финансии, што е крајна цел на Регионалниот форум, е предвидено за 25 јуни, кога министрите и шефовите на делегации од Министерствата за правда и за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан и формално ќе го одобрат овој документ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он