Реформаторите со правен тим ќе го бранат членството на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Водени од принципот на внатрепартиска солидарност како дел од Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ „Демократско ВМРО-ДПМНЕ за Демократска Македонија“, ги известуваме сите наши членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ дека Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ формираше тим од правни советници со цел да обезбеди првични правни насоки и консултации за сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои поради своите политички убедувања или дејствувања се наоѓаат или ќе се најдат под притисок (мобинг, отпуштање од работа и сл.) од новите локални власти низ општините во Р. Македонија. Сметаме дека на сите наши сопартијци и поддржувачи во овој момент потребно е да им се пружи почетна насока и консултација од правен аспект, со цел понатамошно остварување на нивните права во соодветни постапки пред надлежните судски или управни органи во Република Македонија.

За таа цел, ги известуваме сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, дека секоја недела во периодот од 12:00 часот до 15:00 часот во просториите на Клубот на новинари ќе можат да се состанат со правниот тим на Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, и, доколку има основаност во наводите, да добијат соодветна првична правна помош, насока или консултација, без надомест“ се вели во соопштението на Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ