Иницијативен одбор за реформи во ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Груевски прифати дека се потребни реформи

Од:

Груевски ги украде јавно презентираните заложби на Иницијативата за реформи на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините декларации, а особено Декларацијата Европско ВМРО-ДПМНЕ за Европска Република Македонија во неговиот говор на синоќешната Конвенција, велат од Иницијативата за реформи на ВМРО-ДПМНЕ.

„На вчера одржаната Конвенција на нашата партија, ВМРО-ДПМНЕ, за претставување на кандидатите за локалните избори, пред членовите на партијата и пред целата јавност, Никола Груевски презентираше некоја негова визија за како треба да се движи партијата. При тоа, Никола Груевски буквално ги украде јавно презентираните заложби на Иницијативата за реформи на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините декларации, а особено Декларацијата Европско ВМРО-ДПМНЕ за Европска Република Македонија.

Добро е што конечно Никола Груевски прифати дека се потребни значителни реформи во ВМРО-ДПМНЕ и ја препозна јасната визија на Реформаторите, сепак потенцираме дека тој нема кредибилитет ниту во партијата, ниту во јавноста да ги реализира овие реформи. Нова визија во партијата и во Република Македонија ќе има, ама без Никола Груевски. Крадењето на една напредна визија за иднината на паријата и државата, само по себе покажува дека Никола Груевски повеќе нема капацитет за лидерство, кое е потребно во овие моменти. Реформите во партијата ќе произлезат од волјата на членството и ќе бидат континуитет на идеалите на историското ВМРО на кое ВМРО-ДПМНЕ е наследник. Новата сила на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа, а во неа нема место за луѓе без идеи и капацитет.Реформите ќе победат, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде модерна и демократска партија за сите граѓани“ се вели во соопштението на Иницијативата за реформи на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија