Референт за сеча од Берово вршел жигосување на бесправно исечени дрва

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ѓ.Д. (40) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „спречување на докажување“.

Како што соопшти МВР, на 13.10.2017 година во Берово, пријавениот, како референт за сеча, дотур и превоз во ЈП „Македонски шуми“, Подрачно шумско стопанство „Малешево“ – Берово, извршил жигосување на бесправно исечена дрвна маса, која на 10.10.2017 година раководителот на Подрачното шумско стопанство „Малешево“-Берово ја одзел од лице кое вршело транспорт без документ за транспорт.

Тој во два наврати издал и испратница со невистинити податоци за транспорт на дрвна маса во количина од 23,8 кубни метри, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он