Референдумот тема средбата на Димитров и шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Петерсен

Од:

Неодамна одржаниот референдум беше тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за неговото спроведување.

Димитров, како што соопшти Министерството за надворешни работи, изрази благодарност за работата на набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР за референдумот во Република Македонија и го повтори историското значење на плебисцитот кој е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ.

– Министерот Димитров ја потенцираше важноста од набљудувањето на Референдумот од страна на ОБСЕ/ОДИХР и ја реафирмираше подготвеноста на Република Македонија за продолжување на долгогодишната соработка со ОДИХР, а особено во насока за подобрување на сите аспекти на Законот за референдум и вкупно на нашиот изборен систем, се вели во соопштението од МНР.

Амбасадорот Петерсен се заблагодари за соработката која ја оствари Набљудувачката мисија со Министерството за надворешни работи и со другите институции за реализирање на нивната мисија и ги пренесе ставовите од прелиминарните наоди и заклучоци за процесот на Референдумот.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија