Референдум во Гевгелија

Од:

Гевгеличани денеска на референдум ќе се изјаснуваат дали се за отворање на рудници на злато по најавите дека канадски компании сакаат да добијат дозвола за експлоатација на злато на планината Кожув.

Според Гордана Попкочева, претседателката на Општинската изборна комисија, гласачкиот матријал е дистрибуиран до сите изборни места, а формирани се и сите избирачки одбори.

Право на глас имаат 19.458 жители кои ќе се изјаснуваат на 37 избирачки места. Вчера своето право имаа можност да го остварат 30 затвореници и четири болни лица.

За да биде успешен референдумот треба да излезат 50 отсто плус еден од граѓаните со право на глас или 9.730 жители на Гевгелија. Референдумот ќе го следат 60 набљудувачи од граѓански здруженија и институции.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно