Со 2.615 гласа студентите кажаа „не“ за Студентскот парламент да остане невладина организација на првиот студентски референдум на УКИМ. Оваа бројка е значително поголема отколку бројот на студенти кои гласаа за нов лидер на студентите при УКИМ, со што дополнително се покажува дека студентскиот лидер нема легитимитет.
Сега, се очекува потегот на сенаторите, дали ќе ги аминува нелегалните избори на СПУКМ , или ќе постапи по барањата на студентите.
Доколку сенаторите постапат по барањето на студентите и СПУКМ стане дел од Универзитетот, студентите ќе имаат контрола над парите на Парламентот и на сите негови одлуки, со што, како што велат од Студентскиот пленум, ќе се сопре самоволието на СПУКМ.
Студентскиот пленум ќе одржи заеднички состанок на кој ќе бидат поканети сите студенти и каде заеднички ќе се одлучува за идните активности. Пленумците се задоволни од бројката. Велат, во првиот час од отварањето на референдумот гласале студенти колку што за СПУКМ гласале целиот ден.
– Резултатите на овој референдум се реформа на студентското организирање. Овој референдум е гест на самоопределување. Студентите денес се општествениот пиреј на демократските вредности, велат од Студентскиот пленум.
За СПУКМ да остане невладина организација гласале 137 студенти, а 15 ливчиња се поништени.
Објавување на резултатите од #СтудентскиРеферендум
Posted by Студентски Пленум on Wednesday, October 5, 2016