Реџепи: Ќе гласам за недоверба на Владата

Од:

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи потврди дека на денешната собраниска седница ќе гласа за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, но нагласи дека неговата партија нема да се согласи да биде дел од владин кабинет кој би бил „против ЕУ и Косово“.

– Нема да дозволиме да бидеме дел од никакви листи и влада која е против Европската Унија и против Косово, влада која е антиалбанска, односно нема да бидеме дел од влада која би се залагала против сите модерни вредности, изјави Реџепи пред почетокот на собраниската седница.

Реџепи првично најави да ќе ја повлече поддршката на Иницијативата, затоа што на неа беа потпишани и пратениците на Левица. Сепак, по повлекувањето на потписите на пратениците на Левица од Иницијативата, Реџепи соопшти дека ќе ја поддржи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка