Реџепи: Ќе ги поддржиме законите од петтиот пакет мерки, тогаш кога ќе се одблокира Законот за државјанство

Од:

Коалицијата Алијанса и Алтернатива ќе ја блокира седницата за законите од петтиот пакет мерки, доколку се одржи, што претходно на прес-конференција ја побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива на прес-конференција во Собранието најави дека доколку се случи седницата, ќе поднесат амандмани за секој предлог закон. Порача дека ќе ги поддржат сите пакет мерки, но само доколку се одблокира законот за државјанство.

– Денешното барање да има вонредна седница за финансискиот пакет мерки, петтиот по ред, ние ќе се изјасниме онака како што сме се изјасниле досега. Сета блокада почна кога мнозинството во Собранието заедно со македонската опозиција го блокира Законот за државјанство и тоа е условот, тоа е првиот чекор со што се друго оди наследно согласно таа блокада, рече Реџепи.

Порача дека сите граѓани во државата треба да бидат рамноправни.

– За нас е многу важно да се обратиме до власта, до сите луѓе кои имаат желба навистина граѓаните во оваа држава да ги гледаат рамноправни. Нека не прават дискриминација врз граѓаните. Исто чувство за човечност треба да се има и за една категорија на граѓани кои очекуваат петти пакет мерки што сосема ги поддржуваме, меѓутоа треба да бидеме искрени исто чувство на човечност треба да има и за една друга категорија граѓани кои воопшто не ни знаат што е пакет мерка, што е социјална помош, што е здравствена заштита, што е да се живее достоинствено во една држава со државјанство, нагласи Реџепи.

Власта, додаде, е должна секој граѓанин да има решен статус на државјанство.

– Ние сме убедени дека како коалиција ќе ги поддржиме, како што сме ги поддржале досега сите пакет мерки само едно бараме – да се одблокира Законот за државјанство, немаме друго барање, рече Реџепи.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он