Реџепи: Џафери ја блокира работата на албанската опозиција во Парламентот

Од:

Пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива кои денеска на седницата за поставување пратенички прашања застанаа пред говорницата и побараа еден час пазуа незадоволни од редоследот за поставување прашања, на прес-конференција во Собранието обвинија дека претседателот на законодавниот дом Талат Џафери злонамерно го ставил пратеникот Зидаин Села како петти за поставување прашања.

-Претседателот на Собранието ја игра улогата на гласноговорник на ДУИ, ја блокира албанската опозиција, и интересите на граѓаните кои ги застапуваме ние. Ние сакаме да потикнуваме одредени точки кои се проблем за граѓаните, изјави координаторот на пратеничката група Скендер Реџепи.

Реџепи вели дека имајќи предвид дека Села е претседател на партија и пратеник треба да го стави прв да поставува прашања. Тој, како координатор на пратеничка група да поставува прашање е ставен на 13 место.

-Граѓаните нема да слушнат дека поставуваме прашања за нiвните проблеми, вели Реџепи.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги