• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Редовно вработени во министерството за локална самоуправа биле ангажирани и како експерти, добиле 36 илјади евра

by А1он10/12/2018 - 18:32687
Share0

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица и тоа Љ.Ш. и С.Ф. министер за локална самоуправа во период од 2015 до 2017 година, М.М.П. во својство на државен советник за европски интеграции во Министерството и Б.Р во својство на одговорно лице за спроведување на ИПА Оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија.

Добивај вести на вибер

„Пријавените Љ.Ш. и С.Ф. во својство на министер за локална самоуправа во периодот од 2015 до 2017 година заедно со третопријавената М.М.П. и четвртопријавената Б.Р. со пропуштање на должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности на начин што во проектот на ИПА Фондовите наменети за техничка помош на Министерството за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија склучиле, потпишале и исплатиле четири Договори за дело за користење на интелектуално консултантски услуги помеѓу Министерството и М.М.П. и Б.Р. кои се во редовен работен однос во Министерството, а како наводно дополнително ангажирани лица преку Младинска агенција ДОО-Скопје незаконски примиле 2.198.243 денари за која сума го оштетиле Буџетот на Министерството“, соопшти Финансиската полиција.

Со це да го прикријат делото, четворицата пријавени дале налог на Младинска агенција ДОО-Скопје во фактурите наместо да бидат наведени личните податоци, истите да бидат само нумерички изразени и тоа третопријавената М.М.П. како експерт бр. 12, а Б.Р. како експерт бр. 13 за што М.М.П. изработила и потпишала и до Младинска Агенција ДОО-Скопје доставила список со експерти за исплата, на кој начин ги прикрила личните податоци и статусот како вработени во Министерството при исплата на паричните средства.

„Горенаведеното се потврдува и со ревизорски извештај за незаконски исплатени парични средства на ангажирани вработени лица како експерти во вкупен износ од 2.198.243 денари кои парични средства од страна на Министерството за локална самоуправа се вратени на ИПА Фондовите, со што е нанесена штета на Буџетот на Министерството“, велат од Финансиска полиција.

finansiska policijalokalna samouprava

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за претседателот на Регулаторна Марко Бислимоски

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 12:2229/01/2026 - 12:25

Финансиска полиција: Двајца златари го оштетиле државниот буџет за 64.9 милиони денари

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:33

Уапсен благајникот на прилепската болница за проневара на 250 илјади евра

Катерина Ѓуровски12/12/2025 - 11:28

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39

Голема полициска акција во Прилеп, има сомнеж за криминал во болницата

А1он21/10/2025 - 19:1921/10/2025 - 19:36

Уапсен сопственикот на Марковски Компани, oсомничен e за местење тендер од 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски09/10/2025 - 13:3409/10/2025 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен