Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Од:

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров и редовно сообраќаат.

– Надминати се недоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата. Во интерес на нашите корисници на услуги, ќе ја сервисираме нашата обврска кон нив редовно, со сите автобуси предвидени за јавен градски превоз, изјави утрово за МИА Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на ЈСП „Скопје“.

Тој нагласи дека јавниот градски превоз ќе функционира нормално. Изрази надеж дека ова ќе биде крај на, како што рече, сите недоразбирања и дека нема повеќе граѓаните да се занимаваат со вработените на ЈСП „Скопје“, нивните работни обврски и плати.

Според вчерашните најавите на синдикатите, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не требаше да сообраќаат поради неисплата на јануарската плата.

Би можело да ве интересира

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa

ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Инцидент во автобус на ЈСП поради политички тензии

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Стојановски: Закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје за ЈСП

Горан Наумовски