Редовна седница на Владата

Од:

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 104. седница на која меѓу другото ќе бидат разгледани Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог-закон за изменување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, како и Информацијата за основање туристичка развојна зона Матка во општина Сарај.

Владата, како што најавуваат во соопштение, ќе разгледа Информација за изградба на Дом на спортови, како и Информација за отворање регионална канцеларија на EASA за Балканот во Скопје во просториите на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

На предлог на Државното правобранителство, на седницата на Владата денеска ќе биде презентираната Информацијата на Државниот правобранител на Република Македонија за потреба од зголемување на бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Македонија, со Предлог за донесување одлука по ова прашање.

Министерство за транспорт и врски за денешниот дневен ред на седницата на Владата на РМ предлага на разгледување две точки: Информација од потребата за спроведување на повеќегодишна јавна набавка за избор на независна ревизорска куќа, за потребите на проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на коридор VIII, фаза 1 – делница Куманово – Бељаковце“, финансиран по пат на заем од Европската банка за обнова и развој и Информација за потреба од доставување aпликација за инвестициски грант за изградба на заеднички железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце“ помеѓу Република Македонија и Република Србија

На денешната седница министрите во Владата на РМ ќе се произнесат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на предлог на Министерството за правда, а Министерството за внатрешни работи на дневен ред го достави Предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување на Протокол помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

Владата на оваа своја 104 седница ќе биде информирана за извршената анализа на внатрешните процеси, функциите и човечките ресурси за стратешко планирање во министерствата и другите органи на државната управа што ја изготви Генералниот секретаријат на Владата на РМ.

Министерството за труд и социјална политика за точка на дневен ред на оваа седница предлага да биде разгледан Предлог-закон за изменување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

На денешната седница, на предлог на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе биде разгледана Информацијата за основање туристичка развојна зона Матка во општина Сарај.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите