Редици луѓе пред банките во Тетово за нови трансакциски сметки

Од:

Редици луѓе без растојание има пред сите банки во Тетово, претежно пензионери и други лица кои сакаат да отворат нови трансакциски сметки откако пропадна Еуростандард банка, за да може да добиваат плати, пензии, социјална помош или други примања.

Пред самите банки може да се забележи дека само некои од нив имаат луѓе ангажирани од фирми за обезбедување да одржуваат ред и растојание, но и покрај тоа, евидентни се метежите со луѓе пред влезовите. Кај дел од банките влегува кој како ќе стигне, се пожалија дел од тетовци.

-Нема никаков ред, се туркаат луѓето и никој не почитува никого и ништо, велат дел од луѓето кои се обидуваа да влезат во банките. Поради топлото време и здравствени проблеми, некои се откажуваат и одлучуваат да дојдат друг ден.

Во април, на почетокот на пандемијата со коронавирусот, припадници на Армијата во Тетово неколку дена соработуваа со полициските службеници за одржување ред за влез во објектите на банките, телекомуникациските компании и маркетите, каде што вообичаено се собираа повеќе луѓе. Но, тоа траеше неколку дена по што редовите пред овие објекти станаа секојдневие.

Ниту општина Тетово не презеде активности да се спречи оваа појава, а градоначалничката Теута Арифи неколкупати на прес-конфреенции побара од банките да најдат решение за ред и безбедност од ширење на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври

Семејство од Тетово бара помош: Исчезнат е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски