Реакција: „Стоп за ВМРО-ДПМНЕ“ е граѓанска, а не партиска организација

Од:

Ја информираме јавноста дека зад страницата „Стоп за ВМРО-ДПМНЕ“ во општина Аеродром стои граѓанска и непартиска организација која на истоимената страница пласира целосно вистинити информации, велат од оваа организација.

„Сите податоци што ги објавуваме се прибавени од буџетот на Општината, Бирото за јавни набавки и јавните активности на градоначалникот Ивица Коневски и Општина Аеродром. Целта на нашата организација е да ја следиме и критикуваме работата на локалната власт и тоа на сатиричен начин да ѝ го пренесеме на јавноста. Очигледно, Ивица Коневски не сака јавноста да ја дознае вистината и затоа вака панично реагира. Наместо да се повикува на институции да го бранат од јавно изнесените факти, го повикуваме да почне да работи транспарентно и во согласност со законите. Ние ќе продолжиме на сатиричен начин да ја информираме јавноста за сите недоследности, недомаќинско работење и трошење на парите од буџетот во Општината. Тоа граѓаните имаат право да го знаат.

Тимот на „Стоп за ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром“ ги поканува граѓаните да ја посетат нашата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ https://www.facebook.com/StopZaVMRODPMNEvoAerodrom/. Секој што се сомнева во вистинитоста на нашите факти го покануваме да ги провери преку јавно достапните информации од институциите, се додава во реакцијата од оваа организација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени