А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција од СЦ Борис Трајковски

by А1он12/04/2017 - 16:07503
Share0

„Деструкцијата која медиумите блиски до СДСМ, а финансирани од СОРОС ја демонстрираат на дело, ја манифестира нивната нервоза и сакаат со таквата политика да го покријат нивното распродавање на државните интереси и државата, како и носењето на Тиранската Платформа.

Добивај вести на вибер

СДСМ по секоја цена сака да оцрни нечиј личен углед или да дискредитира некоја успешна институција или успешен проект на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е и случајот со неколку дневната медиумска хајка од страна на медиумите на СДСМ и СОРОС, каде што по секоја цена се обидуваат да го нарушат угледот на директорот Златко Перински и успешното работење на еден од најголемите и најдобри спортски центри на Балканот, Спортскот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.

За нашата успешност како институција говори и податокот што во 2016 година Друштото за прв пат ќе оствари добивка и со самото тоа е постигната целта на основањето на Друштвото – економично и домаќински стопанисување со државен имот. Да потенцираме дека ова се случува во сериозна политичка криза во државава, која е наметната и креирана од страна на СДСМ.

Во рамки на спортскиот центар фунцкионираат спортски сали, базен, аква парк, тениски игралишта, фитнес капацитети, лизгалиште за хокеј и рекреативно лизгање, како и многу други можности кои се во функција на сите граѓани. Сето ова е изградено во време на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак во време на СДСМ не можеше да се замисли вакво нешто.

Да потсетиме дека СДСМ во нивното владеење ги раскрчмуваа државните стопански и институционални капацитети, притоа затворајќи 684 такви капацитети, присвојувајќи го државниот имот во рацете на нивните олигарси.

Денес, тоа не е случај, денес ние одговорно менаџираме со спортскиот центар Борис Трајковски, притоа инвестирајќи во нови капацитети и содржини, како отворен базен, нова затворена тениска арена и гимнастичка сала.

Ниту една политичка мотивирана хајка против спортскиот центар, личниот углед и интегритет на Директорот Златко Перински не може да ја прикрие продажбата на државните интереси која во моментов ја спроведува СДСМ“ стои во реакцијата од СЦ Борис Трајковски.

boris trajkovski

Би можело да ве интересира

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Предраг Петровиќ20/05/2025 - 15:44

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Катерина Ѓуровски26/02/2025 - 07:40

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ19/07/2023 - 12:1319/07/2023 - 13:45

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска26/02/2022 - 14:1926/02/2022 - 14:49

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска26/02/2022 - 11:27

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он27/09/2021 - 17:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен