Апелираме до градските власти да ја покажат истата онаа доблест која што ја покажа градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити и да се откажат од преземањето на градежните работи во малиот парк пред хотелот „Бристол“.
Со таквиот потег ќе покажат дека се на страната на граѓаните и нивна потпора. Не смее да се заборави фактот дека помеѓу сите тие висококатници, деловни простори и катни гаражи живеат фамилии на кои сето ова многу им пречи!!!
Воедно, им честитаме на жителите на општината Чаир на нивната упорност и истрајност во своите намери.